Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Знамето на ВМРО, 1920



Знамето на ВМРО од 1920 година
Знамето на ВМРО било двобојно, со темноцрвена и црна лента една под друга. На знамето немало никаков симбол или амблем.

ВМОРО - Внатрешната Македоно-Одринска Револуционерна Организација била револуционерно ослободително движење во Отоманска Турција и дејствувала на териториите на Македонија и Одринска Тракија. Била создадена во 1893 година во Солун од страна на Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп-Арсов, Андон Димитров, Христо Батанџиев и Иван Хаџиниколов.

Под водство на Тодор Александров, во 1919 (1920), Внатрешната Македоно-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) била возобновена под името ВМРО - Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.


ОСНОВАЧИТЕ НА ВМОРО
Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџиниколов,
Андон Димитров, Петар Поп-Арсов и Христо Батанџиев



Четата на Тодор Александров, ВМРО