Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Заплакало е Мариово


(Песна за војводата Ѓорги Сугарев)
Заплакало е Мариово - во исполнение на Никола Бадев, Кавадарци


Заплакало е Мариево, заплакало
за тој си Ѓорги, Ѓорги Сугарев:
- Каде си, Ѓорги, сега да дојдиш, леле, да дојдиш
од душманите да нè куртулиш?!

Извикнал тогаш Ѓорги Сугарев, се провикнал
од тија гори ем балкани:
- Слушам, бре народ, народ поробен, леле, изгубен,
слушам ви гласот, гласот жалостен.

- Сега за скоро јазе ке дојдам, ке пристигнам
со четериесет баш другари,
сите со куси малихери, малихери,
сите со наган леворвери.

Сета дружина му ја избија на Сугарев.
Од сите страни Ѓорги сардисан!
Тогаш извади наган леворвер, Ѓорги Сугарев
самиот крвта си ја пролеjа,
самиот крвта си ја пролеjа Ѓорги Сугарев,
жив на душмани не се предаде!


Ѓорги Сугарев
Георги (Ѓорги) Сугарев - роден 1876 година во Битола, бил учител и војвода на ВМОРО, делегат на Смилевскиот конгрес и учесник во Илинденското востание. По задушувањето на востанието тој зел активно учество во борбите против четите на српската и грчката пропаганда. Во март 1906 година Сугарев со својата чета заминал во Мариово за да се бори против засилените напади на грчките андартски чети. На 23 март 1906 година, тој и неговата чета биле предадени од страна на Петре Лигушев и фатени во заседа крај селото Паралово од броен отомански аскер. После жестока битка целата негова чета била убиена.