Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Веле Марков


Песна за крушевскиот војвода Веле Марков
За Веле Марков - во исполнение на групата „Бисер" од Демир Хисар и Киро Ангелевски - Стерја

Големо чудо, чудо станало,
чудо станало, мајко, во град Битола,
во град Битола, мајко, битолска наија.

Битолска наија, во град Прилепа,
во град Прилепа, мајко, прилепска наија,
во град Прилепа, мајко, прилепска наија.

Прилепска наија, во град Крушево,
во град Крушево, мајко, крушевска наија,
во град Крушево, мајко, крушевска наија.

Крушевска наија, в крушевските села,
в крушевските села, мајко, в село Ракитница,
таму сам се уби, мајко, тој Веле Марков.


Веле Марков
Велко (Веле) Марков - роден на 12 февруари 1870 година во селото Селце (Крушевско) бил социјалист и крушевски војвода на ВМОРО. Основач е на Македоно-одринската социјалдемократска група од 1896 година. На 10 јуни 1902 година тој и неговата чета се опколени од отомански аскер и башибозук во селото Ракитница (Демирхисарско). Напомош му иде и четата на војводата Јордан Пиперката, но безуспешно. Во целодневна битка со отоманските сили загинуваат војводата Веле Марков и дел од неговата чета.