Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Васил Чакаларов


(Песна за костурскиот војвода Васил Чакаларов)
Бојот почна в Клисура - во исполнение на „Охридски трубадури“, Охрид


Бојот почна в Клисура,
Чакаларов бре!
На кусото јачменче,
Чакаларов бре!
Македонска мома жниеше,
Чакаларов бре!
На кусото јачменче,
Чакаларов бре!

Оздол иде Бахтијар Паша,
Чакаларов бре!
Со дванаесет илјади,
Чакаларов бре!
Бахтијар Паша викаше:
- Уџун кардашлар!
А, Чакаларов викаше:
- Дур бе ќерата!

Чакаларов командуваше:
- Сардисајте го!
Сардисајте го, жив фатете го,
тоа мрсно куче обесете го!
Однесете го горе в Смилево
кај кумитетот македонски,
кај кумитетот, кај Даме Груев.

Васил Чакаларов
Васил Чакаларов - роден во 1874 во с. Смрдеш, бил костурски војвода на ВМОРО. Учествува во Илинденското востание при ослободувањето на Клисура, а под негово водство е ослободена и Невеска. Покрај со османлиите води битки и против грчките андартски чети. Учествува и во Балканските војни. На 9 јули 1913 при битка со грчки андарти е тешко ранет, а Грците посмртно го масакрираат и му ја отсекуваат главата носејќи му ја на грчкиот владика Германос Каравангелис..