Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Толе Паша


(Песна за мариовскиот војвода Толе Паша)
Жали и гордеј се, Мариовска страна - во исполнение на „Весели прилепчани“, Прилеп


Жали и гордеј се, Mариовска страна,
Мариовска страна, село Гудјаково.

Пушки загрмеја, пушкине малихери,
пушкине малихери, рускине берданки.

Прва пушка пукна Толета го удри,
Толета го удри, славниот војвода.

Втора пушка пукна - на Толета син му,
на Толета син му - херојско чедо.

Трета пушка пукна Петрета Ицев мавна,
Петрета Ицев мавна, од Челебевци.

Жалите ги, браќа, тие славни борци,
што не дочекаја славната слобода!


Стојан Куликов познат како Толе Паша - роден 1868 година во село Крушевица (Прилеп), бил мариовски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. На 3 февруари 1904 година крај селото Гудјаково гине целата негова чета од 11 души меѓу кои и неговиот помал син Велјан. Четата на Толе Паша била опколена од турски аскер и после 4 часа жестока битка прво бил погоден Велјан. Притекнувајќи му напомош Толе Паша бил смртно погоден. По битката чаушот Сулјо, кој го водел аскерот, забележал дека едно од мртвите тела недостасува. При потрагата, бил пронајден сè уште живиот Велјан, и притоа главата му била столчена со камен, а му ја скршиле и десната рака. Селаните од Гудјаково во заеднички гроб ги погребале таткото Толе и синот Велјан прегрнати. Во 1999 година беше извршена есхумација на нивниот гроб при којашто се покажаа за точни раскажувањата за ѕверското убиство на Велјан. На 13 мај 2001 останките на војводата Толе Паша и неговиот син Велјан беа презакопани во нивното родно село Крушевица.