Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Радон Тодев


(Песна за пиринскиот војвода Радон Тодев)
За Радон Тодев - во исполнение на Сашо Гигов - Гиш и La Colonie Volvox


Глуха е доба потајна,
месец е грејнал над село,
де ѓиди, с'нце ајдушко,
де ѓиди, с'нце ајдушко.

По друм дружина минува
крај село кротко, заспало,
де ѓиди, село комитско,
де ѓиди, село комитско.

Жална им баба насрешча
мило си пита дружина:
Дружина мила на баба,
кам ви, дружина, млад Радон,
дека, дружина, остана
моето чедо перинско?
- Остана, бабо, остана
горе ми горе на Рила,
на Годлевската плaнина.

Кам му, дружина, пушката,
пушката, баби, дружката?
- Остана, бабо, остана,
горе ми горе на Рила,
на бор столетен, вековен.

Кам му, дружина, сабјата,
сабјата чичовaта му,
дружина мила на баба?
- Остана, бабо, остана,
горе ми горе на Рила,
по тие ширни полени,
де ѓиди здрели јагоди.

Кам му, дружина, ќепето,
три годин го баба ќетила,
милото ќепе комитско?
- Остана, бабо, остана
горе ми горе на Рила,
на дива коза легало.

- Жална ми бабо, послушај,
кога нош страшна настане,
завијат в'ци, лесици,
забухат птици злокобни -
бухајте птици крвнишки! -
Когато ревне и гората -
ој, море, горо зелена! -
Радон от гроба излази,
откача пушка от боро,
запаса сабја френгија,
намета ќепе комитско,
по гори броди самотен,
чичо си Благо да траси.

Кам ви, дружина, млад Радон,
млад Радон, ваша војвода,
моето чедо перинско,
моето чедо перинско!?


Радон Тодев
Радон Георгиев Тодев, роден во 1872 во Банско (Пиринско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. На 4 октомври 1903 година заедно со својата чета од 70 души води жестока борба со отомански аскер, бранејќи го и отворајќи му пат на месното население да избега од опожарените од Отоманците разлошки села. Отомански аскер од 600 души ја опколува четата на Радон и после 5 часовна крвава борба тој и целата негова чета херојски гинат.