Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Пере Тошев


(Песна за војводата Пере Тошев)
Проклети биле шпиуни
во исполнение на Костадинка Палазова и женска вокална група при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје

Проклети биле шпиуни,
што ми кладоја пусија,
што ме кладоја в пусија,
на Дреновската Клисура.

Катили, клети шпиуни,
дење и ноќе чекаја,
дење и ноќе чекаја,
најсетне ми дочекаја.

Ете го Пере кај иде,
на коња со кирајџија,
на коња со кирајџија,
без пушка и без дружина.

Шпиуни пушки грмеја,
љуто го Пере ранија.
Загина Пере војвода
за жална Македонија.


Пере Тошев
Петар (Пере) Тошев - познат и како Тошов, роден во 1865 (или 1866) година во Прилеп, во богато семејство доселено од дебарско. Бил учител и војвода на ВМОРО, член на Централниот Комитет, учесник на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание; претходно учесник во битките за обединување на Кнежество Бугарија со Источна Румелија, како и во Српско-бугарската војна од 1885 година. Пере Тошев загинал на 4 мај 1912 година кај селото Дреново (тиквешко) фатен во заседа, жестоко измачуван и убиен од отомански аскер.