Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Марко Лерински


(Песна за леринскиот војвода Марко Лерински)
За Марко Лерински - во исполнение на ансамблот „Билјана", Петрич


Денеска петок-сабота, /2
утре е света недела. /2

Марко војвода пристигна /2
во това село Пателе. /2

Проклети биле шпиони! /2
Марка војвода предадоо. /2

Надојдоо турски табори, /2
Марка војвода сардисаа. /2

Зафати битка голема, /2
Марко војвода загина. /2

Проклети биле шпиони /2
Марко шчо го предадоо! /2


Марко Лерински
Георги Иванов Ѓуров, попознат како Марко Лерински и Марко Геројски - роден на 20 јуни 1862 во Котел (во близина на Сливен, Бугарија), бил лерински војвода на ВМОРО, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Чакаларов, Лазар поп Трајков и др. Бил фелдфебел во бугарската армија, учесник во српско-бугарската војна во 1885 година. Во 1900 пристапува кон ВМОРО и е еден од првите организатори на ослободителната борба во Леринско и Костурско. Им бил инструктор на многу видни војводи од битолскиот револуционерен округ. Предаден од гркомани на 13 јуни 1902 година кај леринското село Пателе херојски загинува во нерамна битка со турски аскер.