Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?

За Лазо Поптрајков

За Лазо Поптрајков - во исполнение на „Костурчанки“

Зашчо плачиш, зашчо жалиш,
ти високи Лисич?
Одговара жаловито
тој високи Лисич:
„Јас ке плача и ке жалја
дур до век и века!“

„Зашчо видуф как заклае
Лазо попо Трајков.
Отсекое горда глава
за пендесе лири,
однесое во Костура
бакшиш на деспота.“

Страмно ести, страмно,
да се кажи, за деспота,
а уште пострамно ести
за тој што го уби.

Лазар Поптрајков
Лазар (Лазо) Поптрајков - роден на 10 април 1878 година во селото Д`мбени (Костурско) бил костурски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание во битките во Костурско. Како ученик во Солунската машка гимназија еден од неговите учители бил и Пере Тошев. На 21 јуни 1903 година ја напишал поемата „Локвата и Вињари“ во чест на битката кај Локвата во текот на Илинденското востание. Во октомври 1903 година бил убиен од гркоманот Коте Христов (Котас Христу) којшто му ја отсекол главата и ја однесол на грчкиот владика Германос Каравангелис.

За Лазо Поптрајков - во исполнение на машка фолклорна група

Зашчо плачиш, зашчо жалваш,
ти високи Лисец,
зашчо с м`гла се покриваш
од горе до долу?

Јас ке плачам, јас ке жалвам,
дур до век и веков,
зашчо видов как заклаха
Лазо Папа Трајков.

Отрезаа му главата
за пендесет лири,
занесоа ја во Костур,
бакшиш на деспото.

Колку срамно, срамно ести
за грцкио деспот,
шчо го плате ѕверо Коте
да заколи Лазо.

Ај да кажим: „Бог да прости
Лазо Папа Трајков!
- првио и најголемио
костурски началник.