Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Крсте војвода


Песна за Крсте Трајков Ресенски
За Крсте Ресенски - во исполнение на „Охридските трубадури", Охрид


Се зададе темен облак
откон исток и от запад.
То не беше темен облак,
туку беше турски џган,
сардисаја планињето
и селото Волкодери.

Ги догледа караулот,
караулот и стражата.
Абер стори на четата,
на четата во селото
- „Ја станите, мили браќа,
оти сне си сардисани!“.

Крсте викат - „Ќе стреламе!“,
стража викат - „Да бегаме!“.
Се зафати бојот жарен
меѓу турци и комити.
Пушки пукет, бомби грмат,
пиштолите ми свират.

Турци викет - „Алах, Алах!“.
„Ура!“ - викет комитите.
Крсте војвода извика:
„Сите, браќа, ај по мене!
Клавајте'и ножо'ите
запалете'и бомбите!“.

Крсте Трајков познат како Ресенски и Крсте Војвода - роден во 1856 година во селото Горно Крушје (Ресенско) бил ресенски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание во битките во преспанскиот регион, учесник во Балканските војни, деец на ВМРО. Починал во 1943 година во Ресен.