Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Јосиф Даскалов


(Песна за кратовскиот војвода Јосиф Даскалов)
За Јосиф Даскалов - во исполнение на ансамбл „Билјана“, Петрич


Пред кајмакамо сељани стојат,
от страф треперат како да кажат,
от страф треперат како да кажат.
- „Кажувајте бе, сељани, пушките,
зер сега ке ви земам главите,
зер сега ке ви земам главите!"

Горки сељани м`лчат ли, м`лчат.
Пушки не знајат - какво да кажат,
пушки не знајат - какво да кажат?!
Ене го иде нивнио даскал,
пред кајмакамо тој се исправи,
пред кајмакамо тој се исправи:

„Ој, кајмакаме, де гиди мрсно куче,
от прости љуге ти шчо ли сакаш,
от прости љуге ти шчо ли сакаш?
За сичко требе мене да питаш,
јас сум купувал пушки, динамит.
Јас сум противник на султан Хамид!"


Песната е од североисточна Македонија, запишана од фолклористот Панчо Михајлов.

Панчо Михајлов, роден во 1891 година во Штип, бил фолклорист и војвода на ВМРО. Благодарение на него запишани се голем број народни песни коишто тој ги собирал при своите обиколки во штипско, кочанско, кратовско, паланечко, малешевско и скопско.

Јосиф Даскалов, роден во 1868 година во Кратово, бил учител и војвода на ВМОРО. Во Организацијата стапил многу рано и бил еден од главните организатори во Кратовско. После Виничката афера е уапсен од страна на Отоманците при што е нечовечки и најжестоко измачуван за да ги издаде своите соборци. Ги издржува сите измачувања и за да ги заведе на турската власт и посочил лажно место, каде божем се наоѓала скриена архивата на Организацијата од Кратовскиот реон. Кога ја одвел полицијата на тоа место, се прекрстил и скокнал од една висока карпа во бездната. По некое чудо останал жив. Останал да лежи во повеќе зандани, а во 1909 година починал во Бодрум кале (Турција) отруен од Отоманците.

Абдул Хамид II, турски султан од 1876 до 1909.