Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Иван Димов - Јон Пашата


(Песна за битолскиот војвода Иван Димов - Јон Пашата)
Тој Јован Пашата - во исполнение на Ѓорги Котевски, Битола


Тој Јован Пашата, мамо,
тој Јован Пашата,
тој Јован Пашата, мамо, /
битолски комита. / 2

Во меана пиел, мамо,
во меана пиел,
во меана пиел, мамо, /
од Турци се криел. /2

Ми го подразбрале, мамо,
ми го подразбрале,
ми го подразбрале, мамо, /
Турци анадолци. /2

Право тој си тргнал, мамо,
право тој си тргнал,
право тој си тргнал, мамо,
за негово село,
за негово село, мамо,
село Логоварди.


Јон Димов - Пашата
Иван Најдов Димов - познат како Јон Пашата, роден во 1878 година во селото Тројкрсти (прилепско), а потоа неговото семејство се преселува во селото Логоварди (битолско). Бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. Во 1902 година станал член на четата на Ѓорги Сугарев. Заедно со Димче Сарванов - Могилчето го убиваат турскиот насилник Шефки. Јон Пашата починал на 20 ноември 1906 во Битола.