Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


За Христо Узунов


{Песна за Христо Узунов}
За Христо Узунов - во исполнение на ансамбл „Билјана“, Охрид


И таму е мојта родина
далеку в Македонија.
Јас сакам таму да загинам,
а ти, не забрави за век.

И таму е мојта мајка,
и таму има божји свет.
Јас сакам таму да загинам,
ти не заборави за век.

Не плачи, мила моја мајко,
не рони солзи крвави...
Ако Христо Узунов падна
- на врагот жив се не даде!

Сестрите нема да ми идат
над мојот гроб осамотен,
и мајка, нема да ми идат
да лее солзи за мене.

Не жали, мила моја родино,
и сите ми другари мои...
Ако Христо Узунов падна
- на врагот жив се не даде!