Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Во Могила Цветков мртов падна


(Песна за војводата Параскев Цветков)
Во Могила Цветков мртов падна - во исполнение на Панде Коминовски, Битола

Ај, кажи, кажи, мајска природо,
кажи, народе, денес што имаш,
кажи, народе, денес што имаш!

Долу во полето, село Могила,
таму се бие Цветков војвода,
со неговата верна дружина.

Бие се биѓун и негова дружина
и со него беше дедо Андреја,
и со него беше дедо Андреја.

Бие се биѓун со турска војска.
Во Могила Цветков мртов падна,
во Могила Цветков мртов падна.

Заради братство и за слобода,
лежи спокоен славен јунак,
лежи спокоен Цветков војвода!

- биѓун (турцизам) - денеска (bügün), цел ден (bütün gün)


Параскев Цветков
Параскев Цветков, познат и како Парашкев, роден на 20 мај 1875 година во Плевен (Кнежество Бугарија) бил професор по музика и војвода на ВМОРО. Учел во родниот град и Софија, а покасно студирал во Прага (Чешка) и Дрезден (Германија). Од 1902 година бил професор во Битолската гимназија и се вклучил во редовите на ВМОРО. Бил делегат на Смилевскиот конгрес. На 20 мај 1903 година тој и неговата чета пристигнале во битолското село Могила за да ги почнат подготовките за Илинденското востание. Но, следното утро, на 21 мај 1903 година, биле опколени од турски аскер и после целодневна битка Параскев Цветков бил тешко ранет, по што самиот се самоубил. Загинале и половина од неговата чета, меѓу кои и војводата Андреј Петров.
Андреј Петров
Андреј Петров Блажев - Расолковски, познат како Дедо Андреј, роден во 1861 година во селото Мало Црско (Демирхисарско, денес Кичевско), бил прилепски војвода на ВМОРО. Бил комита во четите на војводите Дуко Тасев, Мирче Ацев, Јордан Пиперката и Марко Лерински, а подоцна станал и прилепски војвода. Од 1903 бил дел од четата на Параскев Цветков. Загинал на 21 мај 1903 година во битка со турски аскер кај селото Могила (Битолско) заедно со војводата Параскев Цветков.