Follow Us - Следете нè на Google+ КОМИТСКИ ПЕСНИ >>


ВМРО 1893 -...



ВМРО 1893 -...

во исполнение на групата „Сирма“
музика, текст и аранжман: Благоја Здравковски
ГОЦЕ ФЕСТ 2011, Фестивал на нови родољубиви и патриотски македонски песни


Собрани во Солуна,
тие се заколнаа
да се борат, еј, за слобода
на мајка Македонија.

Темелот го ставија,
себеси се вградија,
шестмина апостоли во мракот
патот го осветлија.

ВМРО - наше славно минато,
ВМРО - вечен симбол на непокорот!
ВМРО е борбата за слобода,
ВМРО е пламен што не згаснува,
ВМРО во секој од нас живее,
ВМРО за навек ќе го славиме!

Многу битки крвави,
херојства неброени.
Многу јунаци што овој народ
вечно ќе ги памети.

Една мисла имаа,
една ѕвезда водилка,
завет светол ни оставија
- Смрт или слобода!

ВМРО - наше славно минато,
ВМРО - вечен симбол на непокорот!
ВМРО е борбата за слобода,
ВМРО е пламен што не згаснува,
ВМРО во секој од нас живее,
ВМРО за навек ќе го славиме!