Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Вечера го чека Караман Атанас


(Песна за струмичкиот војвода Атанас Караманов - Караман)
Вечера го чека Караман Атанас - во исполнение на Виданка Ѓоргиевска


Вечера го чека, гиди, Караман Атанас од село Дабилја,
вечера го чека, гиди, него го нема.
Кепето му стои, гиди, кучето му лае,
кучето му лае, гиди, пушката му нема.
Караман си појде, гиди, в тоа село Банско,
в тоа село Банско, гиди, каурската маала.

Каурската маала, гиди, право Гицин Коте,
право Гицин Коте, гиди, Коте ем Никола.
- Нешто ќе те питам, Коте, право да ми кажеш,
право да ми кажеш, гиди, немој да ме лажеш:
Каде се крие, гиди, тоа бесно куче,
тоа бесно куче, гиди, тоа Ислам ќаја?!

Чекај, причекај, гиди, нешто да ти кажам,
ние си имаме, гиди, селско курирче,
тоа ќе ти каже, гиди, нема да те лаже,
каде се крие, гиди, тоа мрсно куче,
тоа мрсно куче, гиди, тоа Ислам ќаја,
ај, што ми запусте, гиди, до две-три села.

Па ми ојдека, гиди, гора Беласица,
гора Беласица, гиди, река Буравица.
- Ене ти го, Карамане, тоа мрсно куче,
на бела чешма, гиди, нога врз нога,
нога врз нога, гиди, фесот на колено,
ајде, и на фесот, гиди, сто грама пескулот.

Тргни се, тргни, Коте, тргни се од мене,
а, јас да му клекнам, гиди, сто метра пред него,
па, јас да му клекнам, гиди, на десно колено,
па да го нишанам, гиди, тоа мрсно куче,
па да го нишанам, гиди, в левата страна,
левата страна, гиди, в клетото срце!


Атанас Караманов познат и како Караман бил роден во с. Дабилја (струмичко), а загинал во 1910 или 1911 година. Според некои извори, тој бил учител, а покасно и струмички војвода на ВМОРО. Во спомените на Михаил Герџиков пак може да се прочита следното: „Слеговме во село Дабиле, на два часа од Струмица. Таму се сретнавме со Атанас Караман, обичен селанец, што минуваше за добар работник, појуначен, донекаде со ајдучки навики.“