Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Александров, Тодор војвода


Александров, Тодор војвода
новосоздадена комитска песна во исполнение на Зоран Ванев, Штип


Има еден јавор среде село,
среде село штипско Ново Село.
Горди стои јавор со векови,
чува сказни за еден син македонски.

Александров, Тодор војвода,
син на наша мила земја родена!
Александров, Тодор војвода,
син на наша мила Македонија!

Тодор јунак, чиста крв македонска,
умна глава носел тој на рамена.
Борба му е за народ и за правдина,
за својот народ и за света слобода.

Александров, Тодор војвода,
син на наша мила земја родена!
Александров, Тодор војвода,
син на наша мила Македонија!

Знајте, вие, млади поколенија,
дека тој се борел за Македонија,
за да биде цела и вековита
и да биде ваша светла иднина.

Александров, Тодор војвода,
син на наша мила земја родена!
Александров, Тодор војвода,
син на наша мила Македонија!