Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Султана јунак родила


(Песна за раѓањето на Гоце Делчев)
Султана јунак родила
- во исполнение на Бапчорки и оркестарот „Гоце Делчев“ под раководство на Наско Џорлев


Песни се слушаат весели,
Кукуш се крева на гости,
Никола срце разврзал
- Султана јунак родила.

Пламен е Гоце в пелени,
сокол му љулја љуљката,
над глава три самовили,
песни му пеат јуначки.

- Расни ми, Гоце, порасни,
славен ти јунак да станеш,
народот ти да го водиш
в борба за света слобода.

- Со твојта верна дружина,
со душман ти да се биеш,
чумата да ја истераш
од жална Македонија!


Песната е адаптација на дел од поемата „Гоце“ на Венко Марковски

„...Јачи и трешти меана
Никола с`рце развр`зал
Кукуш се крева на гости -
Султана сина родила...“

„...Пламен е Гоце ф пелени
сокол му ниша колевка
мајка му пее над глава
детство му игри не знае!“...


Султана ДелчеваГоце ДелчевНикола Делчев