Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Сон сонила Јорданица



Сон сонила Јорданица - во исполнение на ансамблот на Стефче Стефковски


Сон сонила, леле, Јорданица
за Јордана Пиперката.


На полноќ се, леле, разбудила
и Јордана пробудила.


- „Стани, Јордан, леле, да би не станал,
цело село - сардисано!“


- „Не плаши се, мори, Јорданице,
ај подај ми тенка пушка!“


- „Да излезам, мори, над селото,
да пречекам душманите!“


Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во отоманска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).