Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Сокол ми лета високо


Песна за Гоце Делчев
Сокол ми лета високо - во исполнение на „Бапчорки“


Сокол ми лета високо, мори девојко,
сокол ми лета високо,
над таја града Кукуша, мори девојко,
над таја града Кукуша.

Над Делчевите дворови, мори девојко,
над Делчевите дворови.
Делчево либе убаво, мори девојко,
Делчево либе убаво.

Рамни дворови метеше, мори девојко,
рамни дворови метеше
и дробни солзи ронеше, мори девојко,
и дробни солзи ронеше.

Жално го Гоце тажеше, мори девојко,
дека е Гоце загинал
во това село Баница, мори девојко,
за мачна Македонија.