Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Смилево славно в оган гори


(Песна за Смилевската битка, 1903)
Смилево славно в оган гори - во исполнение на Панде Коминовски


Топовите грмат, татни земјата,
пламен се дига до небото.

Жалете, браќа, браќа славјани,
Смилево славно в оган гори.

Жените плачат, пиштат децата,
моми се кријат во безспокој.

Наспроти стои Даме Груев,
верна дружина командува.

- Удрете, браќа, не се плашете,
скоро ќе падне овој тиран!

И на ова царство ќе достоеме,
над таја пуста тиранија.


Битката во Смилево се случила на 2 август 1903 од каде што и започнало Илинденското востание. Самото решение за дигање на востание е донесено на Смилевскиот конгрес одржан од 2 до 7 мај 1903 година во селото Смилево.