Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Слушам кај шумат шумите


Слушам кај шумат шумите - во исполнение на Танец, Скопје

Слушам кај шумат шумите, буките,
слушам кај шумат шумите, буките,
слушам кај шумат буките,
плачат за војводата - капиданот;
слушам кај шумат буките,
плачат за војводата - капиданот.

- Другари, верни другари, другари,
кога ќе в село појдете, стигнете,
кога ќе в село појдете,
со коњи да не тропате, не тропате,
со коњи да не тропате,
со пушки да не фрлате, не фрлате!

- Да не ве чуе мајка ми, старата,
да не ве чуе мајка ми, старата,
да не ве чуе мајка ми -
ќе ве праша за мене, аман, за мене;
да не ве чуе мајка ми -
ќе ве праша за мене, аман за мене.

Каде е син ми Костадин, Костадин,
каде е син ми Костадин, Костадин,
каде е син ми Костадин,
Костадин војводата - капиданот;
каде е син ми Костадин,
Костадин војводата - капиданот?

- Син ти се, бабо, ожени, ожени,
син ти се, бабо, ожени, ожени,
син ти се, бабо, ожени,
за една македонка - поробена;
син ти се, бабо, ожени,
за една македонка - поробена!



Друга верзија на песната. За да ја чуете кликнете тука.

Слушам кај шумат буките

Слушам кај шумат буките, буките,
слушам кај шумат буките, буките,
слушам кај шумат буките,
плачат за војводата - капиданот.

Другари, верни другари, другари,
кога низ село врвите, врвите,
кога ќе вие врвите
со коњи да не тропате, не тропате!

Со коњи да не тропате, тропате,
со коњи да не тропате, тропате,
со коњи да не тропате,
со пушки да не фрлате, не фрлате!

Да не ве чуе мајка ми, мајка ми,
да не ве чуе мајка ми, мајка ми,
да не ве чуе мајка ми,
да не праша за мене, за мене.

Каде е син ми Костадин, Костадин,
каде е син ми Костадин, Костадин,
каде е син ми Костадин,
Костадин војводата - капиданот?

Син ти се, мајко, ожена, ожена,
син ти се, мајко, ожена, ожена,
син ти се, мајко, ожена
за една македонка - робинка;
син ти се, мајко, ожена
за една македонка - робинка!