Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Слезнал ми Делчев


Слезнал ми Делчев - во исполнение на ансамбл „Пирин“, Благоевград, 1984 г.


Слезнал ми Делчев, Делчев војвода, /2
долу во полите на Пирин планина. /2

Там си најдел Делчев двама јаничари, /2
дек си пасат овци в сиромашки ниви. /2

Разљутил се Делчев, Делчев војвода, /2
па си грабнал пушка, пушка малихера. /2

Та изгонил Делчев двама јаничари, /2
па раздал си овци по сиромаси. /2

Ој, Делчев, Делчев, Делчев војвода,
преборил се Делчев с врлите душмани!
Ој, Делчев, Делчев, Делчев војвода,
преборил се Делчев за земја народна!