Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Сиво ми сокле прелета


(Песна за војводата Иван Наумов - Алјабако)
Сиво ми сокле прелета


Сиво ми сокле прелета, мори девојко,
од това село Белица,
низ това село Ораовец, мори девојко,
над Ивановите, леле, дворове,
низ това село Ораовец, мори девојко,
над Ивановите, леле, дворове.

Црно ми писмо донесе, мори девојко,
до Ивановите родове.
Во писмото пишуваше, мори девојко,
дека го Иван, леле, убиле;
Ивана - тој Алјабако - мори девојко,
во това село, леле, Белица.

Кога го чула девојка, леле девојка,
бело го чевре искина,
убав ми гергеф искрши, леле девојко,
крвави с`лзи, леле, пророни,
убав ми гергеф искрши, леле девојко,
крвави с`лзи, леле, пророни.


Иван Наумов - Алјабако
Иван Наумов, познат како Алјабако, роден во 1870 година во селото Ораовец (Велешко), бил војвода на ВМОРО низ Велешко, Прилепско, Крушевско и Кичевско; учесник во Илинденското востание. На 24 август 1907 година, враќајќи со од конгресот на Битолскиот револуционерен округ, со својата чета паѓа во отоманска заседа близу селото Белица (Кичевско) и јуначки загинува.
Павел Наумов
Павел (Павле) Наумов, роден во 1883 година во селото Ораовец (Велешко), бил кичевски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. Брат на Иван Алјабако.