Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Силен бој ми се заврза


(Песна за Питу Гули и Милан Ѓурлуков)
Силен бој ми се заврза - во исполнение на Александар Сариевски


Силен бој ми се заврза,
силен бој ми се заврза
над Крушево, Мечкин Камен,
над Крушево, Мечкин Камен.

Ем од пушки, ем од бомби,
ем од пушки, ем од бомби,
јасно небо се затемни,
јасно небо се затемни.

Извикна се Питу Гули
на Милана даскалчето:
- Ој, Милане, мили брате,
ој Милане, мили брате...

- Ја фрли си тешки бомби,
ја фрли си тешки бомби,
малце аскер да растераш,
мене патот да отвориш,
малце аскер да растераш,
мене патот да отвориш!


Питу Гули
Питу Гули познат и како Гуле и Гулев - роден во 1865 година во Крушево, по потекло Влав, бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание кај прочуената битка на Мечкин Камен близу Крушево каде што и загинал на 13 август 1903 во нерамна битка со турскиот аскер бранејќи ја Крушевската Република. Неговите четири сина Ташко, Димитар, Стерјо и Никола биле исто така учесници во ослободителната борба на Македонија. Ташко Гули загинал во 1918 година како војник во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија, а Никола Гули како активист на ВМРО бил фатен и погубен од страна на српската полиција во 1924 година.
Милан Ѓурлуков
Милан Ѓурлуков, роден на 14 ноември 1884 во с. Кривогаштани (Прилепско), бил прилепски војвода на ВМОРО. Учесник е во Илинденското востание заедно со својата чета од 80 души под директна команда на војводата Питу Гули. После востанието е назначуван за војвода во повеќе реони. Учесник е и во Балканските војни, Тиквешкото востание и Првата светска војна. Поради својата антијугословенска дејност на 9 септември 1944 во Скопје без судска пресуда е убиен од комунистичкиот режим.