Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Што е чудо станало (Ресава)


Песна за Добри Даскалов
Што е чудо станало (Ресава) - во исполнение на групата „Кавадарка", Кавадарци

Што е чудо станало,
што е чудо станало,
што е чудо станало
в това село Ресава.

Млади момци јунаци
с патрондаши во раце
настурија Ресава,
Биковското махало.

Добри на стол седеше,
Добри на стол седеше,
Добри на стол седеше
брадата си чешлаше.

Брадата си чешлаше,
брадата си чешлаше,
радата си чешлаше,
аскерот го плашеше.


Оригиналната верзија, пеена од Славејко Толов од Ресава роден во 1900 година, забележана меѓу 1932-1938 година:

Што е чудо станало ф това село Ресава

Што е чудо станало ф това село Ресава,
ф това село Ресава, Биковското маало.

Млади момци јунаци с малихерки у раци,
с малихерки у раци, патрондаши на гради,
штикови на к`кови, пиштоли у појаси,
пиштоли у појаси, бумбите им у раци.

Отидоја Ресава, Биковското маало,
Биковското маало у Дафчета Кареа.

Сите момци седеја, еден на друг гледаја,
еден на друг гледаја, мустаќи си сукаја.

А, што беше тој Ване, мустаќи си сукаше,
мустаќи си сукаше, команда им даваше,
команда им даваше, сите Ване слушаја.

А, што беше тој Добре, на страна си седеше,
на страна си седеше, аскерот го плашеше,
брадата си чешаше, аскерот го плашеше.

А, што беше тој Коце, тој ми Коце Страговски,
бумбите си фрлаше, аскерот си гинеше.