Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Што е чудо станало (Гуменџа)


(Песна за Апостол Петков и Иванчо Карасулски}
Што е чудо станало (Гуменџа) - во исполнение на Славка и Томе Чрчеви


Што е чудо станало
в таја пуста Гуменџа,
војводите врвеја,
калдрми се тресеја,
војводите врвеја,
калдрми се тресеја.

Најнапред ми врвеше
тој ми стари Апостол,
и по него врвеше
тој Иванчо војвода,
и по него врвеше
тој Иванчо војвода.

Што им вели Апостол:
- Тивко, тивко, момчиња,
да не чујат шпиони,
шпиони чорбаџиски,
да фатиме пусија,
пусија Гевгелија!


Апостол Петков Терзиев
Апостол Петков Терзиев, познат како Постол војвода, заштитник на народот во Ениџевардарско и поради тоа наречен „Ениџевардарско сонце“ - роден на 6 мај 1869 година во Бојмица (Μποέμιτσα / Αξιούπολη), бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание низ Гевгелиско и Ениџевардарско, борец против грчката пропаганда во Македонија. Заедно со војводата Иван Карасулски учествувал во битката на Г`ндач во септември 1903 година. На 2 август 1911 година Постол војвода и војводите Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфката биле отруени и убиени во селото Крушари (Ениџевардарско; Κρουσάρι / Αμπελειές) по наредба на Тодор Чифтеов (Θεόδωρος Τσιφτές), деец на ВМОРО, но таен соработник на грчката вооружена пропаганда.
Иван Карасулски
Иван Орџанов, познат и како Иванчо (Јованчо, Ванчо) Карасулски (Карасулијата, Гевгелиски) - роден во 1875 година во селото Карасуле, познато и како Ругуновец (Кукушко; Καρασούλι / Πολύκαστρο). Бил војвода на ВМОРО и ВМОК, учесник во Илинденското востание низ Гевгелиско и Ениџевардарско. За време на Илинденското востание, на 12 септември 1903 година, четите на Иван Карасулски и Апостол Петков воделе битка со турски аскер на врвот Г`ндач (Гандач) на Пајак (Πάικο) планина. Загинал заедно со својата чета на 21 март 1905 година во битка крај селото Лесково (Мегленско; Λέσκοβο / Τρία Έλατα).