Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Седумте комити


(Во видеото можете да видите битолски, прилепски и крушевски чети и војводи)
Седумте комити - во исполнение на Панде Коминовски, Битола


Ај, што ми е чудо, чудо ми станало
в Битолски вилает, мајко, Прилепска наија,
в Битолски вилает, мајко, Прилепска наија.

Прилепска наија, Крушевскана страна,
Крушевскана страна, мајко, в село Ракитница,
Крушевскана страна, мајко, в село Ракитница.

Ајде, седум души, сè млади комити,
по селата одат, мајко, пушки да разделат,
пушки да разделат, мајко, раја да покренат.

Ајде, ферман дојде, ферман од Султанот:
- Живи да се предадеме, в Битола да одеме,
живи да се предадеме, в Битола да одеме.

Ајде, одговараат седумте комити:
- Ние не сме жени, џанам, да се предадеме,
туку сме си млади момци, сè одбор јунаци!