Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Седумте браќа комити


Седумте браќа комити — во исполнение на Миле Миладиноски, Кичево

Падна ми слана есенна,
попари гора зелена.
Сал едно дрво остана,
сал едно дрво јаворче.

И под дрвото седеа
седумте браќа комити,
остри ножови точеа,
пушки берданки полнеа.

Кога ножој наточија,
кога пушки наполнија,
сите на нозе станаа —
една си клетва зедоа.

Со душман војна да водат,
душманот да истераат,
слобода да си добијат,
слобода на Македонија!