Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Се зададе черен облак



Се зададе черен облак - во исполнение на Ристо Јанакиев, Кавадарци
(посветена на херојската битка на Ножот, на 14 јули 1907)

Се зададе черен облак
откај исток и запад.
Не ми било черен облак,
тук ми било турски жган.

Сардисале планините,
планините и полето.
Ги догледал в караула,
в караула стражарот.

Абер стори до селото,
до селото на четата:
- Ајде, браќа, да бегаме
оти сме сардисани.

Бој се почна, бој ужасен,
меѓу Турци и кумити,
Бој се почна, бој ужасен,
меѓу Турци и кумити.

Прва пушка је пукнала
меѓу Ракле, Никодим.
Втора, трета, је пукнала
на крај на Попадија.

Пушки пукат, бомби грмат,
и бурите свират.
Турци викаат „Аллах, аллах!“,
„Ура!“ викаат кумити...