Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Се собрале комитите


(Песна за војводата Јордан Пиперка)
Се собрале комитите - во исполнение на Војо Стојановски

Се собрале комитите, /2
ќе ми одат в Суво поле. /2
Напред оди војводата, /2
војводата Јордан Пиперка. /2

Ќе ми фаќат метеризи, /2
ќе го чекат Алил паша, /2
што ја грабил руса Стојна, /2
руса Стојна од Мало Церско. /2

Проговара војводата: /2
- Ај да слеземе долу в Брезово, /2
да го венчаме Алил паша /2
за невеста остра сабја! /2


* метериз (турцизам) - заседа

Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во отоманска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).