Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Развивај горо зелена


Песна за Гоце Делчев
Развивај горо зелена - во исполнение на женската фолклорна група „Мегленки", Беломорско


Развивај, горо, горо зелена,
направи сенки, сенки дебели.
Оздола иде Делчев војвода
со седомдесет седом јунаци.

Право ми тргаат в Солунско поле,
в Солунско поле, в поле широко.
Редом по редом, девеесе реда.
Како да поминат бегои чифлици!?

Ај, ми и догледал младото бегче
и си нарамнувал пушка на рамо,
и на гората вели, говори:
- Развивај, горо, горо зелена.

- Направи шума, шума зелена
и јас да одам в гора зелена,
потера да дадам за Делчев војвода.