Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Развивај, горо зелена


Песна за Гоце Делчев
Развивај горо зелена - во исполнение на октет „Македонија“, Скопје


Развивај, горо зелена,
развивај шума зелена,
ке мине Делчев војвода,
со неговата дружина.

Блажена, гора зелена, никога празна не биваш, ни лете, горо, ни зиме. Зиме си пуна овчари, лете си пуна јунаци.

Сè одбор млади момчиња,
сè одбор млади јунаци,
стегнале нитни, ремења,
на тенки пушки кремења.

До сека бука - јунака, на сека гранка - берданка, на сека шумка - патронка, на сека чука - и бајрак. Блажена, гора зелена!

Фанале силни пусии,
до сека бука - и јунак,
секое камче - метериз,
секое долче - скривница.