Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Провикна се Иљо Малешевски


Провикна се Иљо Малешевски - во исполнение на Љупчо Дучевски


Ајде, провикна се, леле, провикна се,
леле, провикна се Иљо Малешевски:
- Кој си нема пусат, тука нека дојде,
тука нека дојде пусат да му дадем!

- Кој си нема мартин, тука нека дојде,
тука нека дојде мартин да му дадем!
Кој си нема сабја, тука нека дојде,
тука нека дојде сабја да му дадем!

- В Малешево д`иде с Турци да се бие,
с Турци да се бие за нашата земја,
за нашата земја, за Македонија,
за Македонија, земја поробена!

пусат (турцизам) - оружје, наоружување
мартин - пушка мартинка