Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Прошета се млад војвода


Прошета се млад војвода - во исполнение на Виданка Ѓоргиевска


Прошета се млад војвода
низ таја гора зелена,
низ таја гора зелена,
низ таја Пирин планина.

Шетаејќи низ гората
јунак гора ја прашува:
- Ој, ти горо, мила сестро,
дали виде кој помина?

Никому гора не збори,
а на јунак му прозборе:
- Ој, јуначе, млад војводо,
сношти минаја комити.

И за тебе збор збореја:
„Каде е Гоце војвода,
каде е Гоце војвода,
четата да си прибере?!“




Прошета се млад војвода - во исполнение на Стојан Борисов, с.Черешница, Сандански


Прошета се млад војвода
низ таја гора зелена,
низ таја гора зелена,
низ таја Перин планина.

Шеташе се низ гората
и си гората питаше:
- Ој, ле горо, милна сестро,
не виде ли кој помина?

Никој гора не говори,
на јуначе проговара:
- Ој, јуначе, млад војвода,
сношти комити минаја.

- Сношти комити минаја
и за тебе збор збореја:
„Дека е Гоце да дојде,
четата да си поведе,
дека е Делчев војвода,
четата да си поведе?!“