Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Погинал Стојан загинал


Погинал Стојан загинал — во исполнение на Војо Стојаноски, Кичево

Погинал Стојан загинал
во таа борба нерамна.
— Не ми е Стојан загинал,
туку е Стојан затворен,
не ми е Стојан погинал,
туку е Стојан затворен.

Турци го Стојан фатиле,
в зандани го затвориле.
Порачал Стојан нарачал:
Како да знае мајка му,
да му испрати сликата,
слика од лична Калина.

Турци на Стојан велеја:
— Дај ни ја, Стојан, Калина,
дај ни ја, Стојан, Калина,
ние ќе тебе пуштиме;
дај ни ја, Стојан, Калина,
ние ќе тебе пуштиме.

Стојан на Турци велеше:
— Девет години сум лежал,
и уште девет ќе лежам,
Калина не ви ја давам;
и уште девет ќе лежам,
Калина моја ќе биде!