Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Павле Капитане


(Песна за ениџевардарскиот војвода Павел Граматиков)
Павле Капитане - во исполнение на женска вокална група

Павле, бре Павле, Павле Капитанче,
дека ќе си оставиш твојта стара мајка!?

- Јас немам мајка, јас немам мајка,
мојата мајка - Стара ми планина.

Павле, бре Павле, Павле Капитанче,
дека ќе си оставиш твојто старо татко!?

- Јас немам татко, јас немам татко,
моето татко - широкото поле.

Павле, бре Павле, Павле Капитанче,
дека ќе си оставиш твојта млада жена!?

- Јас немам жена, јас немам жена,
мојата жена - тенка малихера.

Павле, бре Павле, Павле Капитанче,
дека ќе си оставиш твојте дробни деца!?

- Јас немам деца, јас немам деца,
моите деца - дробни патруни.


Павел Граматиков
Павел Граматиков - познат и како Павле Капитан и Павле Кониковски, роден во селото Кониково (Δυτικό, Ениџевардарско) бил војвода на ВМОРО. Во различни периоди бил дел од четите на Иван Карасулски, Апостол Петков и Станиш Наков. Павле Капитан починал во 1902 година во селото Киркалово (Παραλίμνη, Ениџевардарско).