Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Озгора иде крушевската чета

Песна за Блаже Крстев - Биринчето, Ташко Карев, Иван Наумов - Алабакот и Георги Ралев - Свеќанчето
Озгора иде крушевската чета - во исполнение на групата „Крушево 1903“, Крушево


Озгора иде, ај мила мамо,
крушевската чета.
Ај, ај, ај мила мамо,
крушевската чета!

Напред ми оди, ај мила мамо,
Блаже Биринчето.
Ај, ај, ај мила мамо,
Блаже Биринчето!

Ај, и по него, ај мила мамо,
Ташку, Алјабакот.
Ај, ај, ај мила мамо,
Ташку, Алјабакот!

Ај, и по него, ај мила мамо,
Георги Свеќанчето.
Ај, ај, ај мила мамо,
Георги Свеќанчето!

Сите ми одат, ај мила мамо,
во славно Крушево.
Ај, ај, ај мила мамо,
во славно Крушево!


Блаже Крстев - Биринчето
Блаже Крстев - Биринчето, роден во 1873 во селото Бирино (Крушевско), бил крушевски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. По востанието со својата чета продолжил со акциите против Османлиите, но и против Српскиот четнички покрет, заедно со четите на Иван Наумов, Даме Груев и Ѓорги Сугарев. Загинал на 31 мај 1911 година во борба со отоманска чета кај село Журче (Демирхисарско). На страната на отоманската чета бил и поранешниот војвода на ВМОРО Дончо Тодоров од Стара Загора, којшто после Хуриетот станал приврзаник на Младотурците и цело време, дури и за време на Балканските војни се борел на страната на Отоманците.
Атанас Карев
Атанас Карев познат и како Ташко (Ташку) - роден во Крушево, бил деец на ВМОРО и учесник во Илинденското востание. По ослободувањето на Крушево застанал на чело на еден од одредите за одбрана на градот од отоманскиот аскер при што имал успех при битката кај Којов Трн.
Јован Наумов
Иван Наумов - Алјабако, роден во 1870 во село Ораовец (велешко), бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание и во познатата Битка на Ножот, како и во голем број други акции против османлиите и српските четници. Загинал на 24 август 1907 во селото Белица (Кичевско) при судир со отомански аскер.
Георги Ралев
Георги Ралев - Свеќанчето, роден во 1875 во селото Света (Демирхисарско), бил крушевски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание и во Битката на Ножот, а потоа станал помошник на крушевскиот реонски војвода Блаже Крстев - Биринчето. Загинал во 1911 година.