Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Оздола идат сејмени


Оваа песна има над 200 верзии коишто се пеат низ Република Македонија, Егејска и Пиринска Македонија, Бугарија и Јужна Србија

Оздола идат сејмени

Оздола идат, мамо, сејмени,
сејменска песна, мамо, пееја,
од јунака глава, мамо, носеја, /
а главата на стап, мамо, наврена. /x2

Главата, мила мамо, личеше
како на брата ми, мамо, Јована -
на лице дамка, мамо, имаше, /
а на мене срце, мамо, гореше. /x2

Млади кумита, ќерко, излезе,
на петнаесет, ќерко, години;
мајка му се милно, чедо, молеше -
Не оди, сине, горе в планина,
не знаеш пушка, чедо, да држиш,
не знаеш глава, сине, да чуваш.

...Пушти ме, мила мамо, да идам,
Турчинот да го, мамо, истерам -
девојки, невести, мамо, потурчи, /
а млади момчиња, мамо, поништи. /x2


За да чуете друга верзија на песната кликнете тука.

Бабо ле, бабо Ѓургие,
излезни, бабо мори, на двори, џанам,
да видиш чудо, мори, големо -
Оздола идат сејмени
крвава глава, мори, носеја, џанам,
крвава глава, мори, хајдушка.

Излегла баба да види,
сина Стојана, мори, познала, џанам,
сина Стојана, мори, познала.
- Арам ти, синко, гледање,
гледање оште, мори, крмење, џанам,
гледање оште, мори, крмење.

Сејмени велат, говорат:
- Алал му чини, мори, гледање, џанам,
гледање оште, мори крмење!
Девет планини минахме,
в десетата го, мори, хванахме, џанам,
в десетата го, мори, хванахме.

- Девет синџира скинахме,
с десетија го, мори, врзахме, џанам,
с десетија го, мори, врзахме;
девет секири строшихме,
с десетата го, мори, заклахме, џанам
с десетата го, мори, заклахме.