Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Ордан седи на кулата


(Песна за војводата Јордан Пиперката)
Ордан седи на кулата - во исполнение на Виолета Митева и Иван Узунов


Ордан седи на кулата,
Ордан седи на кулата,
па си гледа горе-долу,
па си гледа горе-долу.

Ми догледа силен аскер,
ми догледа силен аскер,
силен аскер, башибозук,
силен аскер, башибозук.

Фрли бомба во селото,
фрли бомба во селото -
го затресе сето село,
го затресе сето село.

Извикаја селаните,
извикаја селаните -
Што е ова од Ордана,
од Ордана Пиперката!

Ордан носи чесно дрво,
Ордан носи чесно дрво,
него куршум не го дупи,
него куршум не го дупи!

Ордан носи чесно дрво,
Ордан носи чесно дрво,
него сабја не го сече,
него сабја не го сече!


Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан (Ордан) Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во турска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).