Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Охридското знаме, 1903



Охридското знаме, 1903
Охридското знаме било: црвено платно со златен текст;

На предната страна имало девојка во народна носија со сабја во левата рака, а во десната рака кренато тробојно бело-зелено-црвено знаме на коешто пишувало СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЬ, од нејзината лева страна исправен жолт лав којшто гази врз црвено знаменце со бела полумесечина, од десната страна на девојката пишувало МАКЕДОНИЯ, а од левата IIй ОКРѪГЪ VIта ОКОЛИЯ;

На задната страна од знамето на средината имало темножолт едноопашест исправен лав, под него пишувало ОХРИДЪ 1903 год., а околу лавот кружен текст СЪ НАМИ БОГЪ. НАПРѢДЪ МОМЧЕТА! ПОБѢДАТА Е НАША., од левата и десната страна биле испишани стиховите:

Тозъ който падне въ бой за свобода:
Той не умира, него жалеятъ:
Земя и небо, зверъ и природа
И пѣвци пѣсни за него пѣятъ.

Четата на Петар Чаулев со охридското знаме