Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Огин го гори Брезово


(Песна за Јордан Пиперката и битката во Брезово)
Огин го гори Брезово - во исполнение на Александар Сариевски


Огин го гори Брезово.
Македонијо!
Огин го гори Брезово.
Македонијо!
Ордан со чета навлегол.
Македонијо!
Ордан со чета навлегол.

И на дружина говори...
Македонијо!
И на дружина говори...
Македонијо!
- Станете, браќа, не спијте!
Македонијо!
- Земајте бомби, куршуми!

- Земајте бомби, куршуми!
Македонијо!
- Земајте бомби, куршуми!
Македонијо!
- Со душманот ќе се биеме.
Македонијо!
- Со душманот ќе се биеме.

Згрмеја бомби, куршуми.
Македонијо!
Згрмеја бомби, куршуми.
Македонијо!
Одеднаш Ордан извикна...
Македонијо!
- Го завзедовме Брезово!


Брезово е село во историско-географската област Демир Хисар близу Битола каде што се одвила голема битка помеѓу четата предводена од војводата Јордан Пиперката и турскиот аскер.
Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во турска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).