Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Нешто ќе те питам бабо


(Песна за Гоце Делчев, Даме Груев и Тодор Александров}

Тоа е една од верзиите на оваа песна.

Нешто ќе те питам бабо - народна комитска песна


Нешто ќе те питам, бабо,
право да ми кажеш, /2
право да ми кажеш, бабо,
без да ме излажеш. /2

Кои војводи беа, бабо,
у вас на вечера, /2
дали Гоце Делчев, бабо,
или Даме Груев? /2

Кат ме питаш, абре аго,
право ќе ти кажа, /2
право ќе ти кажа, аго,
без да те излажа. /2

Ниту Гоце Делчев, аго,
ниту Даме Груев, /2
нај си беше, абре аго,
Тодор Александров,
Тодор Александров, аго,
с неговата чета.

Тука вечераја, аго,
и си заминаја, /2
и си заминаја, аго,
по Пирин планина. /2

(Знамето им беше, аго,
црно и црвено,
и на знаме пише, аго,
смрт или слобода,
смрт или слобода, аго,
за Македонија!)