Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Нели ти реков седи не оди


(Песна за Ѓорги Сугарев)
Нели ти реков седи не оди

Нели ти реков седи не оди,
бре Селим аго, бре, џанам,
бре Селим аго, бре!

Седи не оди во Мариово,
бре Селим аго, бре, џанам,
бре Селим аго, бре!

Во Мариово - ајдучка земја,
бре Селим аго, бре, џанам,
бре Селим аго, бре!

Таму ми има лоши комити,
бре Селим аго, бре, џанам,
бре Селим аго, бре!

Таму ми шета Ѓоргија војвода,
бре Селим аго, бре, џанам,
бре Селим аго, бре!

Че ти ја земи русата глава,
бре Селим аго, бре, џанам,
бре Селим аго, бре!


Ѓорги Сугарев
Георги (Ѓорги) Сугарев - роден 1876 година во Битола, бил учител и војвода на ВМОРО, делегат на Смилевскиот конгрес и учесник во Илинденското востание. По задушувањето на востанието тој зел активно учество во борбите против четите на српската и грчката пропаганда. Во март 1906 година Сугарев со својата чета заминал во Мариово за да се бори против засилените напади на грчките андартски чети. На 23 март 1906 година, тој и неговата чета биле предадени од страна на Петре Лигушев и фатени во заседа крај селото Паралово од броен отомански аскер. После жестока битка целата негова чета била убиена.