Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Недалеку од Воден града


(Песна за револуционерната дејност во Воденско}
Недалеку од Воден града - во исполнение на анс. „Билјана“, Охрид


Недалеку од Воден града,
на североисточна страна,
дружина е поседнала
на зелена рудина.

Пред дружина е ставено
рудо јагне печено,
чаша вино наполнета
на трева е клаена.

Секој пијат и се радвит,
ем од срце благословјат,
за дружина се напиват,
слобода посакуват.

Сите дружно да се збијме,
Битола да се најме,
в Цариграда да тргниме,
Македонија ослободиме!