Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Народе македонски


(Песна за масакрите во Загоричани правени од Турците и Грците)
Народе македонски - во исполнение на ансамблот „Билјана“, Охрид


Народе македонски,
со какви идеи си ти?
Доста веќе, разбуди се,
свести се, не спи ти!

Не знаеш кој си, што си
- други тебе знаат.
Страм голем е за тебе
сам да се не знаеш.

Исклаја жени, деца,
во село Загоричани.
А, пред аскерот турски
фрл'ајте оружјето.

Опинци долги носат,
пискули големи,
фустани раскапани
ем празни патрони.

Каде е Караиванов
и дружината му?
- Мелас Каравангелис,
в Битола в затвор е тој.


Во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани се извршени масакри врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени се над 200 загоричани, а селото е уништено.