Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Митре Влао тешко ранет


Песна за војводата Митре Влашето
Митре Влао тешко ранет - во исполнение на Николина Кузмановска
(на костурски говор)

Митре Влао тешко ранет,
му се моли на другари:
- Ој другари, мили братја,
подајте ми дулбијата.

- Да ја в`рла Вич планина,
да распула горе-долу,
планините, долините,
и Баскарските извори.

- Да се проста со Костурско
и со цела Македонија,
да се проста со Костурско
и со Македонија.

- братја - костурска форма за браќа („Историја на македонскиот јазик“ Блаже Конески, Скопје 1986, стр. 90)
- в`рла (фрле) - фрлам, насочам кон
- распула - разгледам


Друга верзија на песната:

Митре Влао смртно ранен

Митре Влао смртно ранен
смртно ранен в`в Усоја,
Митре Влао смртно ранен
смртно ранен в`в Усоја.

Му се моли на другари
да му дадат дуљбијата,
му се моли на другари
да му дадат дуљбијата.

Да ја фрле горе-долу,
горе-долу Кономлади,
горе-долу Кономлади,
да ја виде Митревица.

Митревица е вдовица
с`с пет малки дребни деца,
Митревица е вдовица
с`с пет малки дребни деца.


Друга песна посветена на Митре Влашето:

П`то ти фатие, море Митре

П`то ти фатие, море Митре,
три илјади Tурци,
три илјади Tурци, море Митре,
сè анадолци.

Митре, Митре море Влаше,
Митре, Митре бре, војвода!

Сам Митре ми беше, џанам,
сам Митре ми беше,
со дванајсет души, море,
бре, костурчане.

Митре, Митре море Влаше,
Митре, Митре бре, војвода!

Јузбашија вика Митре:
„Предај се, бре Митре,
предај се, бре Митре, море,
султан ке те прости.“

Митре, Митре море Влаше,
Митре, Митре бре, војвода!

Митре одговори, море,
Митре одговори,
Митре одговори, море,
со дванајсет залпа.

Митре, Митре море Влаше,
Митре, Митре бре, војвода!

Там Митре загина, леле,
со дванајсет души,
сè одбор јунаци, море,
сички костурчане.

Митре, Митре море Влаше,
Митре, Митре бре, војвода!

- залп (залпа, залпови) - истовремен истрел од повеќе пушки наеднаш


Митре Влашето
Димитар Пандуров, познат како Митре Влашето (Влао, Влаха, Влаот) - роден во 1873 година во селото Кономлади (Κονομπλάτι/Μακροχώρι, Костурско) бил војвода на ВМОРО, учесник на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание, борец против грчката пропаганда во Македонија. Според некои извори тој бил од влашко потекло, а според други Влашето било само прекар. На 22 февруари 1907 година тој и неговата чета се опколени од турски аскер во селото Жупанишча (Ζουπάνιτσα/Λεύκη, Костурско) предадени од луѓе платени од костурскиот грчки владика Германос Каравангелис. После тешка битка Митре и целата негова чета се тешко ранети и се самоубиваат.