Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Ми слезе Дејан војвода


(Песна за војводата Дејан Димитров)
Ми слезе Дејан војвода - во исполнение на Кирил Мицкоски, Охрид


Никнала трева зелена,
ми разлистела гората,
ми слезе Дејан војвода /
од славна Славеј планина. / x2

Цела Деб`рца ја прошета,
од очи солзи пророна,
многу мајки тој виде /
во црно сè облечени. / x2

Едно ми пиле долета
на сува гранка застана,
жална ми песна зепеја, /
од луѓе неќе да бега. / x2

Штом војвода го догледа,
лоша му мисла долета,
тргна за Славеј планина /
кај своја верна дружина. / x2

Уште во Славеј не појде,
в раце кај ѕверови ојде,
рацете му ги врзаја, /
кај Опчели го фрлија. / x2

Цела Деб`рца зажали,
старо и младо заплачи,
дека ми Дејан загина, /
млад Дејан, силен војвода. / x2


Дејан Димитров
Дејан Димитров, познат како Дејан Војвода - роден на 22 март 1873 во село Лактиње (Деб`рца, охридско), бил охридски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. Бил најсмелиот и најпознат војвода во Деб`рца, заштитник на месното население. Во 1912 година со измама е фатен од Турците, ѕверски измачуван и свирепо убиен кај месноста Опчели во близина на селото Песочани (Деб`рца, охридско). Старите илиндненци од Деб`рца раскажувале дека она што големиот војвода го преживеал тие денови не можат да го издржат и најсилните мажи. Турците му ги кршеле забите еден по еден, му ги корнеле мустаќите. За да го понижат пред народот на Деб`рца кој во него гледал како на Господ, на устата му ставиле алка и како мечка го воделе од село во село. Откако така го прошетале низ Дебрца го однеле на висока карпа над една рекичка во околината на селото Песочани. Таму го врзале со јаже за половината и го спуштале во водата, се додека не се онесвестил. На крајот го качиле на еден лисник и жив го запалиле.