Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Ми го сардисале славно Јени Маале


(Песна за војводата Иљо Топало)
Ми го сардисале славно Јени Маале — во исполнение на Сашко Савевски, Битола

Ми го сардисале, ми го сардисале,
ми го сардисале, славно Јени Маале,
ми го сардисале, славно Јени Маале.

Славно Јени Маале, славно Јени Маале,
славно Јени Маале, кај фудул Васа,
славно Јени Маале, кај фудул Васа.

Ај, предај се предај, ај, предај се предај,
ај, предај се предај, ти Иљо Топало!
Aј, предај се предај, ти Иљо Топало!

— Не се предавам, не се предавам,
не се предавам во тирански раце!
Не се предавам во тирански раце!

— За да ме бесат, за да ме бесат,
за да ме бесат по мостовите,
за да ме бесат по мостовите.

— За да ми се смеат, за да ми се смеат,
за да ми се смеат старо и младо,
старо и младо, кадро и некадро.


Друга верзија на песната:

Бог да ги бие клетите шпиони
што го предадоа тој Иљо Топало,
што ми сардисале славно Јени Маале,
славно Јени Маале, куќата на Васа,
куќата на Васа, на Васа Карејца.

Та што ми извика турскиот муљазим:
— Ја предај се, предај, ти Иљо Топало!
— Јас не се предавам, за да ме мачите,
за да ме мачите по мостовите,
за да ми се смеат и старо и младо,
и старо и младо и машко и женско.