Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Јас Методи Патче од Охрида


(Песна за војводата Методи Патче)
Јас Методи Патче од Охрида - во исполнение на ансамбл Билјана, Охрид

Јас Методи Патче од Охрида,
ослободен од Битолски затвор,
па си тргнав за Охрида града -
там не најдов ни мајка ни татко.
Там си најдов верната бисерка,
верната бисерка малихерка.

Па си тргнав за Прилепа града,
за Прилепа, село Кадиново,
там си најдов верната дружина,
верната дружина договорна.
Слово држи Методија Патче:
„Напред, браќа, борба да водиме!“

Се зададе силната потера,
силната потера кавалерија.
Поарчија сите си куршуми,
оставија сал по еден куршум.

Слово држи Методија Патче:
„Ајде, браќа, да се убиеме!“
Навртија пушки во градите,
навртија пушки во градите.

Прв се уби Методија Патче,
прв се уби Методија Патче,
а по него целата дружина,
а по него целата дружина.


Методи Патчев
Методи (Методија) Патче, познат и како Методи Патчев - роден на 7 (или 12) мај 1875 година во Охрид, бил учител и војвода на ВМОРО. Дејствувал низ Охридско, Кичевско, Прилепско, како учител и војвода. На 5 август 1898 година убива еден соработник на српската пропаганда во Охрид, поради што е осуден на 15 години затвор во Битола. На средината на 1901 година како резултат на амнестијата излегува од затворот и станува прилепски војвода. На 25 март 1902 година, во прилепското село Кадино, неговата чета е предадена и опколена од турски аскер. Откако им снемало муниција тој и неговата чета се самоубиле.